Се сеќава ли некој на Џемал Биједиќ?

На денешен ден 1977-ма година во авионска несреќа загина Џемал Биједиќ, висок функционер на тогашната СФРЈ и близок соработник на Тито. Неговата смрт се памти како фитил за една од првите масовни, но претпазливо ширени теории на заговор во тогашната држава.

Авионот се урниса во близина на Сараево при што загинаа босанскиот функционер, неговата сопруга Разија која ја водел на сите свои патувања и 6-те членови на екипажот. Биједиќ се враќал од Белград каде дента го испраќале Тито во Либија.

Официјално заради лоши временски прилики, авионот удрил во врвот на планината Инач, се преполовил и експлодирал. Штом разбрал за несреќата, Тито веднаш ја прекинал државната посета и се вратил во Југославија за да присуствува на сараевскиот погреб.

За несреќата беа врзани многу контроверзи, од вмешаноста на Јованка Броз па до тоа дека кругови во Белград и ЈНА го гледале Бијдеиќ за можен наследник на Тито а тоа не им се допаѓало. 

Подоцнежната службена верзија гласи дека авионот летал 300 километри повеќе од дозволеното и при слетување направил непотребно широк маневар "осумка" што го одвело до врвот на планината. Радио Сараево наведува и изјава на шефот на тогашната техника на ЈНА кој прв допатувал до местото на удесот по која висиномерот на леталото било подесено да покажува 20 метри поголема висина од реалната.

Резултати од истрагата нема а подоцнежните обиди на неговото семејство да дојдат до вистината биле саботирани од инстанци во Белград.

Инаку, Џемал Бијдеиќ е роден во 1917-та година во Мостар, учесник е во НОБ од самиот почеток, обавувал многу одговорни функции....

Се говореше дека Тито имал намера да го смени уставот на СФРЈ за Бијдеиќ да може и по третпат да биде претседател на СИВ (денешна Влада).  Остана приказната дека таа намера на Тито и го чинела живот.

18 јануари 2016 - 14:06