Половен точак за секој велосипедист

Во организација на самите себе, велосипедистите од Загреб одлучија секоја сабота да се собираат на плоштад и на нешто како мини-саем да видат на кој што му треба околу велосипедот (делови, помош, информации...).

Проектот е на Бранко Спајиќ, се вика Бајк Плац и се одржува секоја сабота од 17 до 22 часот на Британскиот плоштад.

"Секоја сабота од 17 до 22 часот загрепскиот Британски плоштад стана оаза за велосипедисти. Британецот станува средиште на се што е поврзано со велосипедистите - новитети, купување, опрема, поправки, едукација. А сето ова е на едно место и повеќе не мора да лутате низ градот во потрага по добар сервисер," објаснува Спајиќ, инаку поранешен директор на Тржница Загреб, поранешен сопственик на галеријата Футура, и основач на саемот на антиквитети кои веќе 12-та години се одржува на истиот плоштад.

На Бајк Плац клупи добиваат само оние кои ќе продаваат делови, додека сервисерите доаѓаат со комбиња пред кои можат да постават пултови на кои ги поправаат велосипедите. Дистрибутерите и продавачите на нови велосипеди добиваат посебно место каде што можат да ја изложат својата понуда.

21 септември 2013 - 14:15