Петко од детската серија 5+ Фамилија „прозборе“ на словенечки јазик

Ве известуваме дека популарната детска серија „5+ Фамилија" доби своја словенечка верзија, која ќе се емитува на тамошната национална телевизија.

Ве известуваме дека популарната детска серија „5+ Фамилија" доби своја словенечка верзија, која ќе се емитува на тамошната национална телевизија.

Изминатиов период, екипа словенечки актери, драматурзи и режисери заедно со македонската екипа на „5+", во Скопје работеа на снимање на епизодите, во кои покрај Петко, се појавуваат и неговите нови пријатели, Бети и Цеј, популарни детски ликови од Словенија.

Ова е големо признание за екипата која ја работи „5+ Фамилија" и потврда за квалитетот на серијата. Ова е прва телевизиска франшиза од Македонија која се пробива на европскиот медиумски пазар, и се надеваме дека Петко и неговите пријатели ќе продолжат да ги забавуваат и децата од Словенија и да ги учат на вистинските вредности.

Креативен директор на серијата е Пеце Талески, режисери се Тадеј Чатер, Игор Иванов и Елеонора Венинова. Продуцент е Илија Тирицовски, директор на фотографија - Наум Доксевски, сценографијата е на Снежана Поњавиќ Муча, костимографијата на Андреј Ѓорѓиевски, а монтажа - Шенол Мехмед.

На линкот можете да го видите краткото видео од „5+ Пријатели"

https://www.youtube.com/watch?v=ArhTUDWUiUM&feature=youtu.be

8 октомври 2015 - 15:34