Како по 13 години е уапсен Караџиќ

Клучниот момент е заминувањето на Раде Булатовиќ од позицијата директор на српската БИА (Безбедносно информативна агенција). Кратко време по ова тој добива телефонски повик од шефот на кабинетот на Борис Тадиќ, Мики Ракиќ, кој му порачува "во сабота некој ќе биде уапсен, потруди се тоа да не бидеш ти."

Фотографија од првото апсење на Караџиќ во ноември 1984-та

Булатовиќ на заминување од позицијата наредува расформирање на тимот задолжен за лов на Караџиќ. Тој на функцијата е наследен од Вукадиновиќ, чија прва задача е фаќање на преостанатите хашки бегалци.

Мики Ракиќ

Дел од луѓето вклучени во овие настани за српски Неделник објаснуваат дека по првичната проверка на состојбата, Вукадиновиќ му се јавува на Ракиќ за постапките на неговиот претходник. По ова следува фамозниот разговор (Ракиќ - Булатовиќ) во кој се разоткрива целата мрежа на Караџиќ.

По разговорот новата постава во БИА ги дознава деталите за криењето на Караџиќ, дека тој се користи со лажен идентитет и со лична карта на Драган Дабиќ, како и тоа дека Коштуница веќе 6 месеци знаел за ова (што подоцна е причина Тадиќ повеќе никогаш да нема доверба во Коштуница).

Од тогаш БИА знае каде го бара Караџиќ чија најголема грешка е што контактира со својот брат Лука, а откриваат и дека тој му пишува и говори на еден опозиционен лидер.

Раде Булатовиќ

"БИА ги имале сите податоци, ама денес е комплетно јасно дека Коштуница не дозволува апсење.

Три дена по стапување на должност Саша Вукадиновиќ решава една од најголемите мистерии во Србија. По ова следува апсењето на Ратко Младиќ кој едно време е под закрила на војската, за по една неуспешна акција за неговото апсење од страна на полицијата, да почне да се крие кај своите роднини. На крај соработката со Хаг Србите ја завршуваат со апсењето на Хаџиќ," пишува Неделник во текстот за апсењето.

13 април 2016 - 16:24