Грција и Турција на ивица на мегало зулум

Додека светската дипломатија и јавност се зафатени со проблемите околу Иран и Северна Кореја, овие два проблематични соседа ползат кон опасна зона во која и најмалото погрешно толкување, проценка или потег би можеле да доведат до вооружен судир, оценува американскиот магазин Крисчн Сајенс Монитор. 

Тензиите меѓу Грција и Турција датираат уште од отоманско време, но последен пат кога овие две земји беа на ивица на војна беше пред 22 години. Сега, по инцидентите кои во серија се случуваат последниве три месеци, набљудувачите забележуваат ново дно во односите.

„Ниедно од постоечките прашања од 1996 година, како што се споровите околу Егејското море и Кипарското прашање не е решено“, вели Синан Улген од европскиот тинк-тенк Карнеги. 

Политички лидери од двете страни користат сè пожесток вокабулар. Грчкиот министер за одбрана од редовите на Независните Грци, Панос Каменос, го нарекува Ердоган лудак и султан кој начисто полудел, а Ердоган синкир поарен е со неговата империјална реторика која додава нов слој во искричењето меѓу двете земји.

Кога Грција и Турција последниот пат навистина ќе се спукаа, влета големиот брат. Но гео-политичката ситуација во светот оттогаш е сменета и САД веќе не уживаат во улогата на единствена супер-сила на планетата, потсетува Ангелос Крисогелос од лондонскиот Четам хаус.

„Денес отсустввуа силно надворешно влијание. НАТО е ослабнат, Америка под Трамп е непредвидлива а ЕУ е крајно нерелевантна во овој спор“, вели Крисогелос.

Кон зголемување на тензиите придонесуваат постојаните воени вежби близу самата граница, и на копно и на море, а Грција неодамна најави дека ќе распореди дополнителни 7.000 војници на границата со Турција. Бројот на инцидентите на Егејот во последно време не може ни да се утврди.

Весникот вели дека односите се толку напнати што и најмало недоразбирање, погрешна проценка или потег можат да доведат до воен судир. Како веројатно сценарио поставуваат ситуација која може лесно да се случи, грчки авион да собори турски прелетувач, што би повлекло директна воена реакција на Анкара.

16 мај 2018 - 14:38