Фотограф на 2015: Јанис Бахракис, Грција

Гардијан го прогаси Јанис Бахракис за фоторепортер на 2015 година. Гркот имаше несреќа да биде блиску до двете големи приказни на оваа година: финансиската имплозија на Грците кои ја растресоа Европската Унија и бегалската драма која сè уште го збунува континентот.

Покривам бегалци цели 25 години но оваа година беше поинаку: тие доаѓаа дирекно во мојата земја. Секој вечер, чамци полни со исплашени луѓе бидејќи не знаеја како на нив ќе реагира локалното население и полицијата, доаѓаа од правец на турскиот брег оддалечен само 4-5 километри од нас.

Лани бево во Суруч, на турско-сириската граница, сликајќи илјадници курдски бегалци кои го напуштаа Кобане. Оваа година, во Лезбос, еден од нив ме препозна и ми викна: "Човеку, успеав, успеав!"

Емотивната цена на покривањето бегалци е девастирачка. Цело време страдав од несоница и често имав грижа на совест затоа што не сум направил повеќе. И јас имам бегалска крв во мене а и татко сум.

Многу е тешко да покриваш голема сторија во сопствената земја. Емотивниот притисок е огромен кога треба да сликаш свои пријатели и познаници кои страдаат. 

Во својата 28 годишна кариера во Ројтерс отсекогаш страхував од можноста дека еден ден можеби ќе треба да сликам катастрофа во сопствената земја.Тоа беше ноќна мора која се оствари.