таг: писма

Преписка помеѓу Жижек и Толоконикова од „Пуси рајот"
За теоријата на страдањето и вистинските маки

Надежда Толоконикова, една од членките на „Пуси рајот", во моментов е во затворска болница во Сибир. Но пред штрајкот со глад кој ѝ го наруши здравјето таа и Жижек неколку месеци се допишувале. На Надежда тој дури ѝ доаѓал и на сон. Повеќе

„До: Јулија, Верона“
Писмата како терапија

Секоја година во градот на Шекспировите Ромео и Јулија, пристигнуваат илјадници писма полни љубовни јади, адресирани до поубавата половина на овој пар. Повеќе

Дали гледањето спорт е „виновно задоволство"?
Преписка Куци-Остер

Во повеќе наврати сме промовирале соработка со спортската рубрика на сајтов. Еве уште еден повод: двајца писатели. нобеловецот Џ. М. Куци и славниот Пол Остер, преку писма дискутираат за сопствената опсесија, да гледаат спортски натпревари, и да се чувствуваат виновно што си го губат времето. Повеќе

Базен, виски и џез
Нова книга-преписки на Вонегат

Неодамна беше објавена за фановите долго очекуваната збирка преписки на Курт Вонегат, со неговите пријатели, колеги и читатели. Зборуваме за време кога луѓето навистина пишувале писма, во кои навистина нешто кажувале. А Вонегат има што да каже, дури и кога зборува за сосема обични работи. Повеќе

Во „Економист“ има многу секс?
Што не кажуете вакви работи

Има читатели кои се во состојба да најдат замерки и во коректорски и јазично најчистиот, и стилски најдобриот текст. И полека се навикнуваме на тој факт. Но можеме да замислиме како им било во „Економист“ кога го добиле писмово - тие цело време мислат дека пишуваат за политика и економија, кад оно...

  Повеќе

Писмо од омилениот писател
„Драго непознато другарче“

Румпус е онлајн списание посветено на културата, и тоа не онаа популарната, од типот „познати луѓе направени од врвки за чевли" или „ликови од Војна на ѕвездите во смешни перики". Најнова идеја на списанието е - испраќање писма (не електронски, туку во коверт, со марка и печат) на читателите од нивните омилени автори.

  Повеќе

  •