Стока на дејт

Имаше Тиндер за стрејтери, Гриндр за гејеви, сега има и Тадер. За крави.

Тaдер (што му доаѓа комбинација од Тиндер и udder за виме) е англиска дејтинг апликација наменета за помош при парење на стока.

Слоганот им е “100 percent Bull, 0 percent Bullshit” а содржи информации за потентните жители на 42.000 краварски фарми во земјата па човек/сопственик/подводач може да листа и да бара соодветен партнер/ка за неговите четириножни пулени.

И името им звучи на Тиндер, и логото е слично на нивното и користењето на апликацијата функционира на ист начин, со листање лево - десно низ понудата па кликање на одбраниот модел и запознавање со податоците за расата, возраста и локацијата.

Има и уште една сличност: тоа што во речиси секоја понуда има барем една фотографија - од позади.  Предноста на апликацијата е што зад овдешните понуди не може да се крие сексуален манијак.

20 февруари 2019 - 08:34