Селфито како алатка за природна селекција

Жена е повредена во напад од јагуар. Во зоолошка сред САД. Откако таа прескокнува една од оградите на неговиот кафез. За да направи селфи.

Инцидентот се случува во зоолошка во Феникс кога жената решава да ја прескокне првата заштитна ограда од живеалиштето на јагуарот.

На ова јагуарот реагира како јагуар, и преку втората ограда пушта шепа и ѝ зарива канџа во раката на жената.

По инцидентот, првиот човек на зоолошката и се доверува на јавноста:

„Нема начин како да ги откажеш луѓето од прескокнување на бариерите.

Има зошто тие се поставени таму!“

На јагуарот ова му е втор ваков напад. И во претходниот случај некој решил да ја тестира потребата од дупла ограда. Директорот на зоолошката објаснува дека и двата инциденти не се грешка на јагуарот, па животното нема да биде еутаназирано.

11 март 2019 - 09:52