Рибарот се врати дома

Британскиот автор на документарци и крајно успешен рибар (за разлика од некои) Џереми Вејд, го заврши снимањето на серијата "River Monsters" чија единствена цел е да ги документира најмонструозните примероци на слатководни риби. И немате поим колку успеал.

Како што објаснува Џереми, не му е само да ги види рибите што никој ги нема видено, туку и светот да го запознае со суштествата кои живеат во вода, кои се далеку пострашни од се што живее на копно.

"Најголем дел од овие животни никогаш не се видени од тв публиката, бидејќи не можеш за нив да направиш класични документарци, бидејќи тие не се гледаат од површината. Конецот за риба е само средство. Откако ќе ги идентификувам ги враќам во вода," објаснува Џереми.

Сом - Шпанија

Кога ќе се земат во предвид сите ужасии со кои може да е наоружана една риба, од џиновски заби до отровни боцки, Вејд објаснува дека за него најстрашните риби се електричните јагули.

"Не изгледаат ништо страшно ама шокот од 500 волти е доволен да те парализира, а секој што ќе дојде да ти помогне ризикува да добие електричен удар. Тие понекогаш знаат и да се обвиткаат околу градите на жртвата и да продолжат да пуштаат шокови додека не го стопираат срцето," раскажува Вејд.

Goliath Tiger Fish - примерокот што го фатил, тежел 70 килограми и бил долг 150 сантиметри

Што се однесува до начинот на ловење, тој објаснува дека го користи традиционалниот начин на лов во местото во кое се наоѓа.

African Lung Fish - Конго

Џиновски групер - Австралија

Payara - Венецуела

Арапаима - Амазон

Пирана - Аргентина

Pacu - Амазонија

Pacu - Папуа Нова Гвинеја

Риба волк - јужен Бразил

Скат - Парана, Аргентина

Шилата на опшаката на Скат - Парана, Аргентина

Sockeye Salmon - Аљаска

Sockeye Salmon - Аљаска

Австралиска риба пила

Bullseye Snakehead

Пирана - Суринам

Арапаима - Амазонија

16 август 2012 - 15:54