Сиромаштијо, и на непрофитните си им лесна (за дерење)

Непрофитните болници во САД се ослободени од плаќање локални, државни и федерални даноци. За возврат, помагаат на заедницата и пружаат медицинска помош и нега на сиромашните. Додека не решат дебело да им наплатат.

За методистичката болница во Мемфис, ПроПублика пишува дека е институција која има заработено грдни милиони, поседува своја агенција за наплата на долгови и безмилосно ги гони сиромашните по судови.

За пет години, покренале 8.300 судски тужби за наплата на пружени услуги. Слични тужби покренуваат и други вакви болници но агресивното наплаќање на долговите на оваа болница се случува во град во кој секој четврти човек живее под прагот на сиромаштија.

Извесна Кери Берет (63 години) била донесена во ургентното одделение на оваа болница поради болки во градите и недостаток на здив. Бил утврден срцев проблем, била направена операција, Кери останала вкупно два дена во болницата и за тоа сметката изнесувала 12,109 долари. Нешто подоцна, заедно со судските трошоци и оние за адвокати, сумата дошла до 33.000 долари. А Кери заработува 12 долари на час и оние 33.000 се двојно повеќе од целата нејзина минатогодишна заработувачка. И сега болницата ќе и сопира од платата додека не го подмири целиот долг. А сите случаи се водат преку агенција за наплата на долгови која е во сопственост на самата болница.

Методистите имаат здравствен систем кој вклучува шест болници кој прави приходи од 2,1 милијарда долари. Но истовремено се махери да ги прикажат трошоците и милосрдието што го даваат на локалните заедници, за на крај да испаднат непрофитни и да продолжат да уживаат во аночните повластици.   

1 јули 2019 - 22:11