Шеќерот заслужува иста инквизиција како пушењето

Во развиените земји пијалаците со шеќер (а сè, ама сè, освен обична вода и обична кисела вода содржи шеќер) почнаа да подлежат на данок, и како што беше случај со цигарите ова ќе прогресира.

Следно на ред треба да биде пакувањето на сите производи што изобилуваат шеќер, не само на пијалаците, кое ќе треба очигледно да ја нагласи штетноста на производот.

По предлогот на експертите за здравје, по ова треба да следува комплетна забрана за рекламирање на зашеќерена храна и останат џанк-фуд, како и проширување на данокот на зашеќерени пијалаци на целата нездрава храна.

Аргументите на индустријата се речиси идентични со она што производителите на цигари се обидоа да го пласираат, оспорувајќи го ставањето налепници со предупредување на пакувањата наведувајќи дека брендирањето „е основна комерцијална слобода“ и „клучна за конкурентноста“.

11 јуни 2019 - 12:58