Седење над 6 часа на ден е смртоносно (и скапо)

Предупредувањето не дискриминира дали ќе седиш 6 часа на биро пред компјутер или пред телевизор, исто му се фаќа, последиците се идентични.

Новиот страв е само надополнување на постојните статистики според кои недостатокот на физичка активност го зголемува ризикот од хронични болести како дијабетес или срцеви заболувања кај 1,4 милијарди луѓе низ светот.

Неодамнешна студија од Белфаст покажува дека тоа што британската популација страда од претерано седење ја чини Велика Британија над 760 милиони фунти во периодот меѓу 2016 и 2017, и има предизвикано речиси 70.000 смртни случаи во 2016.

Авторката на студијата, Леони Херон, ги анализира резултатите од 6 долгорочни студии од кои секоја идентификува поврзаност меѓу седечката неактивност и едно од следните заболувања: кардиоваскуларни болести, тип 2 дијабет, смрт, рак на дебело црево, рак на бели дробови и рак на матката.

Она што дополнително разочарува во целата работа е што решението што го нуди Херон во основа се сведува на внесување на малку рекреација во текот на денот, и тоа ништо екстремно, туку пешачење за паузата за ручек, или стоечки правење пауза за кафе. Она што тука разочарува е што други студии покажаа дека штетата од дневната доза седење на работа, не може да се компензира ниту со позахтевни вежби.

26 март 2019 - 13:38