Пукате од здравје

Гасовите во стомакот и нивното последователно испуштање се знак дека микробите во вашите црева упорно работат и успешно го одржуваат нивното здравје.

"Јадењето храна која предизвикува гасови е единствен начин да се нахранат микробите кои живеат во вашите црева. Ако не ги храниме со јагленхидрати, за нив ќе биде многу потешко таму да живеат," објаснува гастроентерологот од Мајо Клиниката во Рочестер, Пурна Кашјап.

Кога консумираме храна (и создаваме гас), овие микроби креираат и молекули кои го засилуваат нашиот имунитетен систем, ги заштитуваат цревата и спречуваат инфекции.

"Фабрички" најголемиот дел од гасовите кои се создаваат немаат мирис, и тие се составени од јаглерод-двооксид, хидроген или метан. Проблемот е кога меѓу нив ќе се вмеша малку сулфур, а тој најчесто доаѓа од зеленчуци кои се здрави за нас, како: брокула, зелка или карфиол.

По математиките на докторите, испуштање гасови и до 18 пати на ден може да биде сосема нормално.

29 април 2014 - 11:31