Мажи на нервна база почнаа да се боцкаат со ботокс

Судирот меѓу внатрешната опуштеност и релаксираност како човек, и надворешната намќорестост пред колеги и општо во работна средина, се повеќе мажи почнале да го решаваат со ботокс.

Докторите мерката ја објаснуваат како начин за „смирување на линиите 11“, парот вертикални линии што се наоѓаат меѓу веѓите и се појавуваат кога ќе се налутиш.

„Мускулите што ги прават ’11 линиите’ се нарекуваат мускули за собирање на веѓите. Луѓето ги активираат овие мускули кога се концентрираат, кога фокусираат, кога се под стрес, загрижени или општо нервозни. Нивната постојана контракција доведува до вдлабнување на линиите кои прават да изгледаш лут или загрижен кога си всушност не си.

Многу често се случува мажи да дојдат кај мене за да им ставам ботокс во овој предел затоа што постојано биле препрашувани дали се нервозни, или на работа им кажале дека е тешко да се разговара со нив, или дека изгледаат дека лути,“ објаснува пластичниот хирург од Менхетен, Дара Лиота.

Проблемот за кој збори хирургот веќе е и научно поддржан и официјално се води како „angry resting face“. Ова е само надополнето со студии кои покажуваат дека ние постојано оддаваме најситни фацијални знаци кои „го надополнуваат нашиот изглед на човек кој е гневен или вознемирен“.

Сите овие проблеми кои не можеме да ги контролираме со добро и со наша волја, Лиота објаснува дека може да се контролираат со ботокс. Според докторката за ова ти требаат околу 25 единици ботокс, што во пари би чинело некаде околу 500 долари (во поскапата верзија). Притоа треба да се има предвид дека интервенцијата треба да се прави еднаш на 6 месеци.

Обично пациентите на Лиота се „канцелариски измачени“ мажи и на возраст меѓу 30 и 50 години.

26 март 2019 - 10:53