Депресијата по Инстаграмот се познава

Група научници што нашле службена причина да дремат на Инстаграм и за тоа да бидат платени, успеале да создадат алгоритам кој на сликите на Инстаграм препознава неколку клучни знаци преку кои е поефикасен во откривање депресија отколку докторите.

За создавањето на алгоритамот се анализирани 44.000 Инстаграм постови објавени од 166 учесници во студијата, од кои 71 претходно биле дијагностицирани со депресија. Тимот направил алатка која ги анализира објавите и идентификува депресија преку маркери утврдени во претходни истражувања, како наклонетост кон посиви и помрачни бои, и помалку докази за друштвена активност, односно слики на кои се гледа нечие лице.

Резултати покажале дека луѓето со депресија повеќе имале наклоност кон сини, мрачни и сиви тонови. Меѓутоа тие било подеднакво веројатно да објават фотографии на кои се гледа лице, како и луѓето без депресија. Разликата е што кај здравите луѓе обично имало повеќе луѓе во фотографијата.

Луѓето со депресија било помалку веројатно да користат филтри за сликата, а и кога користеле тоа обично биле оние што ги претвораат сликите во црно-бели (Инквел). Испитаниците без депресија повеќе биле на Валенсија.

Алатката што ја составиле научниците од Универзитетот Вермонт и Харвард Универзитетот имала 70% успешност во идентификување луѓе со депресија. Просекот кај докторите е 42%.

12 август 2017 - 13:25