Зошто научници слушаат планина?

Се работи за една од славните планини на Алпите, меѓу Швајцарија и Италија, која во 2003-та сериозно изненади сè околу себе со една застрашувачка лавина од камења. Како и по секоја катастрофа, луѓе и сега решија да почнат да слушаат, само овој пат тоа е многу буквално.

По лавината на Матерхорн е започнато со работа на системот Пермасенс, мрежа од безжични сензори распоредени околу планината кои собираат сеизмички, визуелни и акустични податоци. Сензорите се толку чувствителни што можат да „слушнат“ градежна активност оддалечена со километри.

Резонантните фреквенции што ги регистрира и собира системот со тек на време даваат детална слика за тоа како различните делови од планината се поврзани еден со друг, и како промената кај еден дел влијае на другиот.

Доброто е што за сега немаат чуено ништо позначително да се случува на Матерхорн, лошото е што кога ќе чујат тоа најверојатно ќе биде на насловните страни на светските весници.

17 октомври 2019 - 12:32