Закерберг го купил комшилукот

Зависниците од Фејсбук можат да бидат горди на себе затоа што сториле голема добрина за еден човек. Се вика Марк Закербег кој штотуку потрошил 30 милиони долари да купи четири куќи околу својот дом за да има поголема приватност.

Една од нив го чинела најмногу, околу 14 милиони долари а се работи за имот од 2.600 квадратни метри.

Сличен потег пред некоја година направи и Лари Пејџ но мотивите на милијардерот од Фејсбук се поинкви: тој не планира да го шири својот луксуз туку само сака да ја сочува својата приватност.

Велат дека на ова се решил откако дознал дека богат градежник почнал да купува недвижнини во Пало Алто сакајќи да ја користи близината на Закерберг како маркетинг алатка при нивна продажба.

Основачот на Фејсбук сега планира да им ги издава куќите на сегашните нивни станари.

Сепак, интересна е оваа негова загриженост за приватноста во светло на последната новина од Фејсбук дека корисниците веќе нема да можат да се скријат од пребарувања по мрежата.

11 октомври 2013 - 22:18