Во свет на нови патики, ти биди Гучи носени патики од 870 долари

За да не треба да го пребродувате трауматичниот период на транзиција на вашите нови патики во не нови патики, Гучи од старт одлучи да продава патики кои изгледаат како да имаат километража.

Најниската цена на „износените“ патики е 870 долари, а има и верзија од 930 долари. Женските верзии на патиките се поскапи.

Иако луѓето се потрудиле од старт да понудат стар производ, тие сосема домаќински на својот сајт нудат и совет за чистење на ново-старите патики „со сува крпа и со производи со неутрална боја“ и да се одржуваат со „полнење на патиките со хартија за да се задржи формата и да се апсорбира влагата“.

*За сите заинтересирани, имаме човек со оригинал носени Најк, Адидас, Асикс и Њу баланс што ги продава за 3 пати помала цена.

21 март 2019 - 10:14