Википедија е отприлика готова

Може ли енциклопедија која ја работи жива заедница и е постојано отворена за нови информации воопшто да биде готова? - Може, вели историчар.

На примерот на статијата за војната од 1812-та година, историчарот Ричард Јенсен ( и самиот уредник на Википедија), покажува дека во поглед на фактите, Викпедија веќе нема што ново да каже. За време на созадавањето на таа статија, дневно била едитирана и десетици пати од страна на страсни историчари. А сега, не е пипната со години.

"Кога енциклопедија ќе достигне 100.000 статии, опсегот на материјалот се стеснува. Кога ќе достигне милион статии, потребно е врно умеење да се мисли на нешто ново. А Википедија летово достигна 4 милиони статии", вели Јенсен за ограничениот број информации кои може да се состават во една енциклопедија.

Се разбира, останува задачата содржината да биде темелно локализирана на различни јазици а веројатно без крај ќе бидат и контроверзите и политичко - нациоалните препукувања на одредени теми.

Википедија фондацијата сега е фокусирана на додавање нови алатки кои ќе помогнат во користењето на енциклопедијата како и нејзиното прилагодување за мобилни уреди.

30 октомври 2012 - 16:11