Торбата од 168 илјади долари за номинираните за Оскар

Ако по завршувањето на Оскарите со себе не понесеш златна статуетка, тогаш е голема веројатноста дека со себе ќе понесеш торба со подароци, со вкупна вредност од 167.586 долари.

Има вкупно 21 торба, и тие се предвидени за водителот на Оскарите и номинираните кои нема да победат во 5 категории: најдобар актер, најдобра актерка, овие две во споредна улога и најдобар режисер.

Годинава вредноста на торбата е речиси двојно поголема од ланскиот рекорд со 85.000 долари. Во неа има:

- 3,99 долари, пакување вегетаријански пуканки без глутен од Лајв Лов Поп.
- 5,49 долари, антиперспирант спреј за тело од Доув мен.
- 8,97 долари, дизајнерски бонбони од ИксО Минтс.
- 8,99 долари, ореви, лешници, бадеми од Ливудс Хелт Фудс.
- 8,99 долари, кафе од Данкин Донатс.
- 12 долари, СтикерВолет што се лепи на телефони или паметни уреди.
- 15,99 долари, примерок од книгата "An Invisible Thread."
- 17 долари, ароматични свеќи од Коал енд Канари.
- 19,99 долари, третман за акни од Корал Активс.
- 19,99 долари примерок од детската книга "Archibald's Next Big Thing."
- 23 долари, шише од Мемоботл.
- 24,99 долари, протеински шејкови од Пјрули Инспаерд.
- 24,99 долари, примерок од "The Kindness Diaries: One Man's Quest to Ignite Goodwill and Transform Lives Around the World."
- 25 долари, издание на "Show Me the Movie: The Movie Version of Charades."
- 35,99 долари, органска маичка од Калифорнија гуд клоутинг.
- 36 долари, рачно плетена алка од Сашка Ко.
- 36 долари, нелеплив вегетаријански сјај за усни Фликабл.
- 39,99 долари, заштитник за екран од Фантом Глас.
- 40 долари, папучи од Ибица Соул.
- 45 долари, колачиња без глутен од Естер Истер Тритс.
- 45,49 долари, производи од Хидроксикат.
- 49,95 долари, книга од Гети со слики од британскиот уметник Џозеф Маллорд Вилијам Тарнер.
- 49,99 долари, облека од Џенифер Никол Ли.
- 50 долари, переци прекриени со гурмет чоколадо од Пош Прецлс.
- 54,50 долари, штитник за потпетици од Старлетос.
- 56 долари, две пакетчиња од по 6 кондоми од Нејкед Лукшури Кондомс.
- 59 долари, прибор за јадење од Слимвер.
- 60 долари, облека од ТАГС.
- 68 долари, пакетче со 6 лижавчиња базирани на растителен чај од Доша Попс.
- 69 долари, перница за луѓе што често патуваат од НапЕнивеар.
- 75 долари, јаболка од Вашингтон од Амброзија Епл.
- 75 долари, шише Мезкал Ел Силенцио.
- 100 долари, сонична четка за заби на полнење од Поп Дентал.
- 109,85 долари, дело од австралискиот уметник Нејтан Ферлазо.
- 109,95 долари, тракер за активност од Полар Луп.
- 115 долари, уред против брчки и флеки ДермаВанд.
- 125 до 225 долари, облека од Нејкед андис.
- 126,95 долари, сертификат за нивна лична ѕвезда од Меѓународниот регистар на ѕвезди.
- 149 долари, крема за освежува на лицето од Реџувел.
- 149 долари, камера за носење и апликација од Наратив Клип.
- 149,99 долари, безжични слушалки од ЛГ.
- 150 долари, корпа за подароци на тема Стариот Холивуд, од Носталгиа баскетс.
- 150 долари, Стерлинг Силвер алка од Лат енд Ло, на која се гравирани географската должина и ширина на Долби Театарот во Калифорнија.
- 175 до 300 долари лептир-машни од ЗуЗу Ким.
- 197 долари, во луксузни производи за нега на коса од Мааз продуктс.
- 200 долари, пакет подароци за нега на кожа од Оз Натуралс.
- 203 долари, италијанска марама и ранец од Адри енд Сара.
- 249 долари, пренослив навлажнувач на воздух од Хејз Вапорајзерс.
- 250 долари, паста за порцелански инпланти (за заби) од МинтСмајл.
- 250 долари, вибратор од Афтерглоу Сајанс.
- 270 долари, часовник од Слоу Вочес.
- 280 долари, приватна тура низ азилот за големи диви мачки на Тампа, Флорида.
- 280 долари, органски јаворов сируп, прелив за салта, сенф и престилка од Руж Мејпл.
- 300 долари, потпишано уметничко дело од холивудскиот уметник и фотограф Рон Кенеди Рокер.
- 300 долари, три специјално дизајнирани алки од Џен Луис Дизајн. Мажите ќе добијат свилена вратоврска.
- 350 долари, локални производи од Калифорнија од Хејзл Лане.
- 520 долари, книгата за велнес, масажа за ароматерапија и консултација со акупунктурист.
- 569 долари, вина од БекРоуд Вајнс.
- 672 долари, за годишна резерва на сода од Кафеинатед клуб.
- 750 долари, чевли од Макс Мартин.
- 800 долари, сертификат за подарок за бонбони и десерти од Кенди Виксен.
- 900 долари, за 10 сесии со тренерот за славни Алексис Селетцки.
- 1.000 долари, ограничена верзија на производ од Краш ДеЕлИкс и линк до нивната музика.
- 1.200 долари, дизајнерски велосипед со автоматско префрлање на брзини од Мартон Сајклинг.
- 1.200 долари, производи за нега на кожа од Хилинг Сеинт.
- 1.546 долари, ВИП тура југот од Франција.
- 4.068 долари, не-ивазивен уред за липосукција од Вентура липо-лајт.
- 5.000 долари, печатени слики од уметникот од Л.А. Ганер Фокс.
- 5.000 долари, сесија за семеен портрет и врамен портрет од Лајфстајл Фотографи.
- 5.000 долари, "О-Шот" процедура за подобрување на сексуалниот нагон.
- 5.060 долари, систем за домашна спа од Стимист.
- 6.270 долари, донација за 10.000 оброци од freekibble.com за азил за животни по избор на ѕвездата.
- 11.500 долари, пакет за престојување во три луксузни хотели во Италија. По три ноќи во Тоскана, Соренто и на езерото Комо.
- 12.500 долари, тура со кампување со вклучено сурфање, јавање коњи, возење со балон...
- 14.239 долари, пакет производи од за менување на начинот на живот од Ресет Јоурселф.
- 14.584 долари, луксузно патување со воз околу Канадските Карпести планини од Роки Маунтениер.
- 20.000 долари, рент-а-кар сервис во текот на една година од Силверкар. Работат само со Аудија.
- 20.000 долари, сертификат за подарок од Енигма Лајф. (подарокот е читање хороскоп за 2015-та, од основачот на Енигма Лајф.)
- 28.000 долари, парче специјално дизајниран мебел од ЕФ+Факто.

виа

20 февруари 2015 - 13:38