Што знае дете што се 2.300 евра за да се слика со Дедо Мраз

Родителите што сакаат нивните деца празнициве да се сликаат со Дедо Мраз во лондонски Хародс, ќе треба да направат минимум 2.320 евра (2.000 фунти) сметка во стоковната куќа за да се квалификуваат.

Со овие пари детето влегува на списокот за средба со Дедо Мраз, која трае 10 минути, и на која малку ќе позбори со стариот, ќе се фотографира со него на божиќната сценографија и ќе добие таен подарок (кој најчесто е плишано мече).

Од 15-ти ноември па се до католички Божиќ, Хародс има 4.400 10-минутни термини за средби со Дедо Мраз. Ангажирани се 10 актери за улогата, кои работат на 3 локации во стоковната куќа.

Картите за сликањето ќе чинат 20 фунти, меѓутоа неопходен е минимум од потрошени 2.3000 евра за да можеш да ги купиш. По критиките, Хародс одлучи да одвои 160 карти за потрошувачите кои не го исполнуваат лимитот. Ова е околу 3,6% од сите карти.

Од Хародс објаснуваат дека никако поинаку нема да имаат место да го опслужат сите заинтересирани.

11 ноември 2019 - 11:48