Од кое по ред срце умре Рокфелер?

Во цветот на староста, на 101-годишна возраст почина Пантелија од фамилијата Рокфелер. Починал мирно, во сон, од срце. Но кое по ред трансплантирано срце било тоа?

Луѓе и за Владо Јаневски ќе извадат муабет што ќе го верглаат со години, а не па за Рокфелер, последниот внук на „оригиналниот“ Рокфелер, кој на време на сите им го обелодени рецептот, ама кој да слуша:

Една од најдолговечните приказни што се плетат за свежо упокоениот Рокфелер ја објаснува неговата долговечност. Дека живее како желка од Галапагос благодарение на парите со кои може во секое време да си набави нови делови. Па така и тргна муабет дека бил безброј пати на редовен сервис, неколкупати на сериозен ремонт и дека во неговите јуначки, а пребогати гради чукале седум различни срца. 

Ако тргнете наназад кон корените на оваа приказна ќе дознаете дека не постојат многу факти зад неа. И дека прв во оптек ја пушта еден сатиричен сајт (како Онион, Њузнет, Коза ностра). Сајтот е таков што една од последните „вести“ му е дека работник во крематориум по грешка бил спален откако дремнал на работното место. 

Според таа приказна, Рокфелер првата трансплантација на срце ја имал во 1976 по една драматична сообраќајна несреќа. Бил опериран цели 24 часа, ама затоа една недела подоцна веќе џогирал. А како што велат за педерлаците, и трансплантацијата е тешка само првиот пат, па промена на моторот речиси и да му станала навика на стариот Дејвид. Шестата трансплантација му била изведена пред две години, во специјализираниот комплекс што за оваа намена го имал на приватниот остров Хануату.

Една таква приказна пуштена низ ќенефите на треш-медиумите и интернетот, по можност проследена со фотографија од осомничениот со закрвавени очи и - легендата е родена.

Кога сме веќе кај бизарности, смртта на Дејвид Рофелер е третата смрт на позната фаца оваа година што ја погоди веб-сајт што е своевидна кладилница на оваа тема. Лани погодија 12 познати личности што не ја преживеаја 2016-та, меѓу кои и ЗаЗа Габор и Фидел Кастро (инаку, татко на канадскиот премиер ЏастинТрудо).

Според нивната листа за 2017, оваа година копач треба да скинат и кралицата Елизабета и Роберт Мугабе.

Здравје.     

21 март 2017 - 09:02