Лувр, само со резервации

По ново, и по спектакуларните гужви од оваа летна сезона, француски Лувр одлучи да воведе ред во музејот преку воведување резервации. За сега резервациите се факултативни, до крај на година ќе станат задолжителни.

„До сега резервациите не беа задолжителни, меѓутоа ќе воведеме систем на задолжителни резервации како што тоа го направија голем број други музеи, и до крајот на годината сите туристи ќе мора да резервираат,“ изјавил заменик главниот администратор на Лувр.

Оригиналниот план е системот да почне да функционира некаде на почетокот на 2020, меѓутоа заради гужвите сето ова треба да се забрза и да се пушти во октомври или ноември годинава.

Луѓето од музејот веќе некое време алармираат дека им доаѓаат повеќе туристи отколку што е издржливо и здраво за експонатите што ги чуваат. Летово заради топлотниот бран што го зафати Париз ова само се влошува бидејќи туристите влегуваат во музејот за да се разладат.

Он-лајн резервацијата за Лувр чини 17 евра. Во просек, Лувр дневно го посетуваат 30.000 лица.

3 август 2019 - 13:45