Грешките се мајка на знаењето

Просек од 15% неточни одговори е најдобар и најбрз начин за учење, тврдат луѓе длабоко запознаени со учење.

Бројките до кои стигаат научниците од Универзитетот Аризона не се однесуваат на оние што учат, туку на оние што предаваат. Поуката до нив е дека човек може да даде многу тешки примери, многу лесни или средни, при изучување на некоја тема, и тоа ќе влијае на количината научено од нив.

„Ако имаш многу лесни примери, цело време ќе погодуваш по 100% од одговорите и не ти останува ништо за учење. Ако ти дадам стварно тешки примери, ќе погодиш 50% од одговорите и пак нема ништо ново да научиш. Ама ако ти дадам нешто измеѓу, ќе бидеш на таман место каде што добиваш најмногу информација од секој конкретен пример,“ објаснуваат луѓето зад „правилото на 85%“.

Иако ова било пробано на лесни задачи, истражувачите тврдат дека истото ќе важи и кај покомплексно учење.

„Ако си на предавања кои се премногу лесни и постојано добиваш највисока оценка, тогаш веројатно не учиш од класот исто колку што учи некој кој едвај успева да ги заврши задачите,“ објаснува првиот човек на истражувањето др. Роберт Вилсон.

12 ноември 2019 - 18:47