Античката историја (сечија) е комплетно измислена?

Нова хронологија е "емпириско-статистичка" теорија чија дилема е ако денес не можеме да се согласиме околу тоа дека сме стигнале на Месечината, како тогаш сме така сложни да ги прифатиме како точни настани кои се случиле пред илјадници години.

Анатолиј Тимовфејевич Фоменко, е математичар од Московскиот Универзитет и член на руската академија на науки и тој е еден од главните поборници за радикална ревизија на човековата историја.

Фоменко верува дека пред 11-от век не постои никаков пишан документ за човечката историја и дека најголемиот дел од она што го знаеме за античката историја на човештвото (и се' што се случува пред 11-от век), се базира на текстови и копии од текстови напишани од почетокот на 11 век.

Од тој момент историчарите користат претпоставки и арбитрарен консензус за да ги одредат клучните настани во историјата. Правејќи го ова, тие калемат некои скори настани на многу порани датуми, и притоа создаваат "историски дупликати."

Според хронологијата на Фоменко, настаните од Новиот Завет му претходат на оние од стариот завет, и најголемиот дел од приказните се изменети за да содејствуваат со местењето на датумите. Меѓу примерите за неговите забелешки на хронологијата се:

- Јованка Орлеанка е моделот по кој е создаден библискиот лик Дебора.
- Исус бил распнат во Константинопол во 1086-та година.
- Египет, Рим и Грција се смислени од ренесансните писатели и уметници (а добата на фараони траела до 1700-те).
- Аристотел го подучувал Александар Македонски, кој бил цар, во Москва, во 1400-те.
- Раната англиска историја (заедно со прифатените имиња, датуми и легенди како кралот Артур) е копија на византиската историја од 4-от век, која пак е измислена и се базира на настани од крајот на Средниот век.

"Оваа (неговата) верзија на настаните е докажана од цврсти факти и логика - валидирана од астрономски истражувања и статистички анализи на антички извори - до многу повисок степен отколку што било што до сега сте прочитале или чуле за историјата," објаснува Фоменко.

Тој својата верзија на историјата ја објаснува во колекција од 7 тома "Историја: Фантазија или наука?" која почнува со цитатот од 1984-та на Орвел "Тој што го контролира минатото, ја контролира и иднината. Тој што ја контролира сегашноста, го контролира минатото."

2 април 2015 - 14:20