Зошто во град се оди брзо?

За чудо, постоат бројни студии кои ги испитувале факторите од кои зависи темпото на пешачење во различни населени места. Заклучоците се речиси еднозначни - сè е во економијата.

Први со оваа тема се бавеле психолозите Марк и Хелен Борнштајн кои утврдиле директна и линеарна врска меѓу темпото на пешачење и големината на местото, без разлика на културолошките особености.

Оваа врска подоцна е објаснувана со тнр сензорна претовареност: густината на населението ги тера луѓето да фатат темпо кое ја намалува можноста за социјални контакти.

Во истражување на темпото на чекорење во 10 града од Британија и Австралија, утврдено е дека Лондон оди најбрзо: просечно 1,68 метри во секунда.

Претпоставките дека причините за ова лежат во екооносмките фактори се базираат на идејата дека кога еден град расте бзо, растат и трошоците за живот во него па луѓето се принудени повеќе да го вреднуваат своето време во борбата за опстанок.

Најновите истражувања потврдуваат дека темпото на пешачење е подинамично во економии кои растат отколку во земји со бавни економски помрднувања.

22 март 2012 - 20:46