Со пластика нема излегување на крај, и треба да се помириме со тоа

Јас се откажувам, а веројатно треба и вие, е пораката од велшки активист кој повеќе од 4 години ги организира локалците и сам учествува во расчистување пластика од тамошни брегови.

Поразителните поенти до кои Алан Куксон доаѓа по своето повеќегодишно искуство на терен (а не јаукање по интернет или по семинари) е дека:

- Секој ден во океаните низ светот влегуваат 8 милиони парчиња пластика.

- Секоја милја од британскиот брег има по 150 пластични шишиња

- Дека Кока-кола годишно произведува 110 милијарди пластични шишиња, и на ниту еден начин не одговара за нив.

- Кога почнува да ги чисти плажите во 2014 има 5000 милијарди парчиња пластика во океаните, на крај од неговата кариера во 2019 бројката е 50000 милијарди парчиња пластика во океаните.

„Поминав 4 години во порази,“ е тажното резиме на што Куксон го дава за својата активност.

Неговата порака е дека проблемот треба да се реши на изворот, кај компаниите кои имаат милијарди производи што до потрошувачот доаѓаат во пластика, се останато е „ Ова е како да пробуваш со рака да спречиш цунами.“

30 август 2019 - 10:28