Луѓето возат погрешно во својот град

Човечки е да се претпостави дека луѓето разумно ги одбираат оптималните рути за стигнување до некое место во градот. Но, исто така човечки е да се биде неразумен.

Застоите и другите сообраќајни проблеми годишно го чинат секој Американец за бензин екстра 940 долари и 42 часа вишок возење а земјата на таа основа книжи вкупен трошок од 160 милијарди долари. 

Планерите на урбаниот сообраќај тргнуваат од претпоставка дека луѓето ги одбираат оптималните рути за движење низ градот. За да проверат дели ова е точно, една компанија ставила ГПС уреди на стотици возила во четири европски града.

Дали претпоставката била потврдена? Накратко, не.

Луѓето имаат малку рути кога се движат на релевантните места на своите животи. Главно имаат една омилена и ретко се обидуваат да ја споредат со некоја алтернативна рута. А ГПС резултатите покажале дека околу половина од возените рути всушност не се оние оптималните за стигнување до некое место.  

Заради некоја причина, луѓето повеќе одбираат да одат по јужни патеки иако подобрите им се оние на север. Исто така, преферираат да им е право, без многу вртења иако така би им било пократко а изгледа сакаат и попат да им е интересно па одбираат рути со повеќе знаменитости крај нив.

Апликацијата Waze секојдневно ја користат преку 700.000 жители на Лос Анџелес и таа сериозно ги има сменето навиките на возење по градот (иако приказната има и друга страна). Едно од решенијата за избегнување на сообраќајните застои е преку апликација државата да субвенционира ваучери кои би ги добивале оние возачи кои ќе прифатат да одат по препорачаните рути за да се избегнат закрчените сообраќајни точки.

25 април 2017 - 15:13