Елон Маск и тунелите

Човекот што сака да ја освои вселената и да ја припитоми сончевата енергија за човечки потреби, едно попладне враќајќи се од работа се заглави на идејата за копање тунели. На таа пара, почна и да го остварува ова, копајќи кратер во дворот на својата компанија во близина на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Целиот проект започна со твит во средината на декември 2016, меѓутоа најголемиот дел од новинарите ова не го сфатија сериозно, доживувајќи го како уште едно тролање од Маск, како идејата за фрлање нуклеарно оружје на Марс, или дека работи на Ајрон-мен одело за Пентагон.

Макс Чафкин од Бизнисвик, разговара со првиот човек на Тесла и Спејс-Икс, и неговиот впечаток е дека Маск не се шегува:

"Барем така ми кажа додека седевме во канцелариите во Спејс-Икс во Вашингтон. Со години тој многу размислува за тунели - и од лична фасцинација и затоа што се важен дел од Хиперлупот. А во меѓувреме тој тивко ги поттикнува сите што ќе го прашаат за нови бизнис можности да размислат околу копање. 'Мислам дека се надеваат дека ќе им кажам да направат некоја Ајфон апликација што ја нема. А јас само им одговарам - копајте тунели. Тоа е очигледното решение за урбаната гужва - и нема цело време да бидеме заглавени во душоуништувачки сообраќај.'"

Неколку дена по твитот Маск го купува домејнот BoringCompany.com, и го назначува Стив Дејвис, еден од сениор инженерите на Спејс-Икс (кој го создава првиот систем за навигација на ракетите на компанијата), за лидер на проектот.

Планот е да се ископаат многу тунели за коли и брзи возови, главна поддршка во спроведување на планот дава тоа што Маск има две големи индустриски компании, кои за кратко време можат да обезбедат тешка механизација. Во едно петочно попладне кон крајот на јануари годинава тие почнуваат да копаат, а мисијата што им ја поставува Маск е "колкава дупка можам да ископам до недела навечер?" До првите денови на февруари стигаат до 4,5 метри длабочина и 15 метри ширина.

Самото име на компанијата е борба на креативност кај Маск, сега се води како The Boring Company (зборот boring има две значења и ископување и досаден ) што на кратко го водат како TBC, што пак е скратеница од To Be Continued. А меѓу претходните предлози се Tunnels R Us (играње со брендот Toys R Us), или тролањето со AT&T што во нивната верзија би било кратенка од American Tubes and Tunnels.

Околу интервјуто, во аудио верзија:

Ако сакате целото да го читате, тука.

17 февруари 2017 - 10:36