Бучавата е новото 'sеcondhand' пушење

Во САД дури и во националните паркови постојано се слушаат звуци произведени од човечки фактор а единствените мирни места во земјата се библиотеките и музеите.

Њујоршката служба за поплаки добива олку 50.000 повици на ден.  Причина број 1  е - бучавата. Средиштето на Менхетн често знае да баботи на 95 децибели што е над федералните упатства од максимум 70 децибели. 

Се чини единствен мир во градот се музеите и библиотеките а реперкусиите од долготрајната изложеност на бучава сè уште не се доволно детално испитани. Њујоршкиот универзитет започнал 5 годишна студија за да ја мапира градската врева но нејасно е што градската управа ќе прави со резултатите.

Наведените 70 децибели се далеку над европските стандарди кои наложуваат максимални 50 децибели дневно и 40 за ноќе.

„Бучавата е новото secondhand пушење. Ни беа потребни децении да ги образуваме луѓето за опасностите од пасивното пушење, можеби ќе ни треба исто толку време за да станат свесни и за secondhand бучавата“, вели Бредли Вајт кој во градот Елкхарт во Индијана упорно бутка регулативи за намалување на вревата во која се живее.

На пример, тој град од 50-тина илјади жители има собрано 1,6 милиони долари само од казни за бучава од моторџии и сопственици на гласни автомобили, пари од кои подоцна  купувале нови полициски коли и други потрепштини на градот. Првата казна за преголема гласност на возилото е 250 долари, па 500 па третата е 1.000 долари па секоја наредна се плаќа по 1.500 долари. 

97% од популацијата во САД постојано слуша звуци произведени од човек а нема раат ни во местата кои би требало да се оаза на мирот - националните паркови. Неодамнешна студија покажа дека 67% од 290 такви паркови постојано се слушаат звуци произведени од човечки фактор.

Утврдено е дека посиромашните квартови се за неколку децибели погласни од поимотните а најбучно е во маалата со црнечко население.

САД на рани начини се обидува да се стиша. Тексас тестира таканаречен тивок асфалт за да се намали звукот од триењето на гумите што би требало да ја намали бучавата на автопатиштата за речиси 6 децибели.

Еден од поимпресивните проекти на оваа тема е se 320-те километри „гумиран асфалт“ кои се поставени во Феникс кој ефикасно ja "впива" бучавата бидејќи во асфалтот се измешани милиони стари рециклирани автомобилски гуми.

Освен проблеми со слухот, студии покажуваат дека изложеноста на бучава повисока над 50 децибели го зголемува ризикот од кардиоваскуларни проблеми, зголемен крвен притисок  иинфаркти

15 мај 2018 - 16:52