Берлин ќе забрани возење џипови низ градот?

Откако возач на Порше џип ја изгуби контролата на возилото, се качи на тротоар и уби три возрасни и едно дете, политичарите и јавноста во Берлин побара забрана за возење џипови „што наликуваат на тенкови“.

Ставот на локалните политичари е дека со самото тоа што се штетни за околината, оклопните џипови „се закана и без сообраќајна несреќа“.

Во исто време, заменик лидерот на Зелените во германскиот парламент, побара да се воведе ограничување на колкави џипови ќе им биде дозволено да влегуваат во центарот на градот, и дека би било најдобро тоа ограничување да се воведе на национално ниво.

Паралелно со сите ветувања на германската влада за раззеленување на транспортниот сектор во земјата, бројот на џипови во Германија постојано расте. Минатиот месец џиповите за прв пат во историјата станаа најбројното регистрирано ново возило во Германија. До крајот на годината се очекува дека ќе бидат регистрирани на 1 милион џипови во Германија.

Инаку, се уште не е точно позната причината зошто возачот на Порше Макан преминал на тротоарот кога ги прегазил 64-годишната жена со нејзиниот 2-годишен внук, плус еден Британец и Шпанец на околу 20-на години.

12 септември 2019 - 10:51