Нетфликс ги спасува децата од 400 часови реклами годишно

Иако деца се повеќе и повеќе дремат на телефони и таблет уреди, телевизорот и понатаму останува доминантен извор на забава за деца на возраст меѓу 2 и 11 години.

Ако е некаква утеха, пресметано е дека во домовите кои немаат никаква телевизија (кабел / антена) и се само на Нетфликс, децата на возраст од 2 до 5 години се поштедени од 400 часа реклами годишно, а оние од 6 до 11 од 360 часа.

Математиката е за американски пазар и телевизиски правила, а студијата тргнува од тоа дека деца на возраст од 2 до 5 години неделно во просек минуваат по 32 часа пред телевизор, а кај овие во втората група (6-11) просекот е 28 часа.

Ова значи дека првата група годишно има просек од 1.600 часови пред телевизор, а втората 1.450 часови.

Овие бројки потоа се штимаат со пресметка на Нилсен според која просечен час телевизија има речиси 15 минути и 30 секунди во реклами.

Кога просекот на изгледана телевизија ќе се префрли на Нетфликс (и слични сервиси како ХБО ГО, Хулу и Амазон прајм), излегува дека децата се спасени од гореспоменатите количини реклами. Ова пак во превод значи дека децата се поштедени од 400 часа реклами за зашеќерени храни, нездрави пијалаци и никому потребни играчки.

15 мај 2019 - 15:24