Мет Грејнинг: Луѓе сакаат да се преправаат дека се навредени

Човекот што ги создаде Симпсонови за прв пат реагираше на критиките околу Апу по документарецот на комичарот Хари Кандаболу од Њујорк за тоа како ликот бил употребен за да го малтретираат додека растел во САД.

Во интервју за УСА тудеј, Грејнинг изјавува дека нема што да каже околу целата работа, додавајќи „Горд сум со она што го правиме во шоуто. И мислам дека ова е период во нашата култура во кој луѓето сакаат да се преправаат дека се навредени.“

Пред некое време се огласи и Ханк Азариа, гласот на Апу, кој изјави дека размислува да се тргне на страна за јужноазиски актер да може да ја преземе улогата.

„Мислам дека е многу важно да се слушнат Индијците и нивното искуство со него... Јас сум подготвен да напуштам. Се чувствувам дека тоа е правилна постапка,“ изјави Азариа.

Симпсонови, инаку комплетно базирани на стереотипи за секој можен лик што се појавува во шоуто, за целата работа реагираа во епизода од почетокот на април, која завршува со слика од Апу, на која пишува „Нема крава“:

2 мај 2018 - 12:55