Одговорот на Луис Ц.К.

„Приказните се точни“

Луис Ц.К. објави изјава во врска со извештајот на Њујорк тајмс за неколкуте жени кои зборуваа за своите искуства со него. Во изјавата Ц.К. пишува: „Приказните се точни“.

Сакам да се обратам во врска со сториите раскажани на Њујорк тајмс од петте жени по име Аби, Ребека, Дејна, Џулија кои се чувствувале слободни да го кажат своето име, и една која не го откри.

Овие приказни се точни. Во тоа време, си велев дека тоа што го правам е ОК, затоа што никогаш не сум ѝ го покажал мојот кур на жена без прво да прашам, што исто така е точно. Меѓутоа подоцна во животот, премногу доцна, научив дека кога поседуваш моќ над други личности, да бараш од нив да ти го гледаат курот не е работа на прашување. Тоа за нив е мачна ситуација. Моќта што ја имав над овие жени произлегуваше од тоа што тие ме обожаваа. И јас неодговорно ја поседував таа моќ. Се покајав за моите постапки. И пробав да научам од нив. И да избегам од нив. Сега станав свесен за обемот на влијание на моите постапки. Вчера го сфатив обемот во кој направив овие жени кои ми се восхитуваа да се чувствуваат лошо за себе си, и претпазливи околу други мажи кои никогаш не би ги ставиле во иста позиција. Исто така го искористив фактот дека бев крајно почитуван во мојата и во нивната заедница, што ги оневозможи да ја споделат својата приказна, и што им донесе дополнителни потешкотии кога се обидоа да го сторат тоа, бидејќи луѓето кои ми се восхитуваа не сакаа да ја слушнат. Не мислев дека правам што било од тоа бидејќи мојата позиција ми дозволуваше да не мислам на тоа. За ништо од ова си немам простено себе си. И морам да го усогласам ова со тоа што сум. Сепак, ова не е ништо споредено со задачата која им ја доделив ним. Би сакал на нивното восхитување кон мене да одговорев така што ќе бев добар пример за нив како маж и да им дадев одредени насоки како комичар, вклучително и затоа што ми се допаѓаше нивната работа.

Најтешкото каење со кое треба да се живее е она што си го направил за да повредиш некој друг. И јас едвај можам да го опфатам обемот на болка што сум им го причинил. Би бил неодговорен ако ја исклучам болката што сум им ја предизвикал на луѓето со кои работам и имам работено, чиј професионален и личен живот беше под влијание на сето ова, вклучувајќи и проекти кои моментално се во продукција: глумците и екипата на Better Things, Baskets, The Cops, One Mississippi, и I Love You, Daddy. Длабоко жалам што ова донесе негативен публицитет на мојот менаџер Дејв Беки кој само се обидуваше да ја смири ситуацијата што ја создадов. Предизвикав тешкотии и мака кај луѓето од Ефикс кои ми дадоа толку многу, The Orchard кои решија да го работат мојот филм, и на сите други што ме поддржаа низ годините. Предизвикав болка на моето семејство, моите пријатели, моите деца и мајка им.

Ја минав мојата долга и среќна кариера зборувајќи и кажувајќи сè што сакам. Сега ќе се тргнам на страна и долго време ќе посветам на слушање. Ви благодарам што прочитавте.

11 ноември 2017 - 23:31