Папата ќе укинува целибат за попови?

Како за црква која најголемите проблеми последниве децении ги имаше заради тоа што свештениците сами на себе си дозволиле да го прекршат целибатот и тоа главно со малолетни деца а.к.а педофилија, официјалното олабавување на целибатот не изгледа посебно радикално, ама е.

Намерата на Франциско за укинување на целибатот моментално е географски ограничена и е од чисто практични причини. Се однесува на подалечни рурални делови од Јужна Америка каде црквата има проблем да најде доволно свештеници.

Според црковните власти од амазонските епархии, одредени делови од Амазон имаат толкав недостаток на свештеници што не можат да се одржат ни неделните миси. Иако дел од церемонијата може да се обави и од несвештени лица, сепак има некои сериозни точки кои по правило бараат учество на свештеник.

Без разлика на мотивот на Франциско, теолозите објаснуваат дека неговите два претходници Бенедикт 16-ти и Јован Павле Втори, најверојатно не би дозволиле вакво нешто без разлика колкав стане дефицитот на свештеници.

Целибатот со векови е еден од главните предуслови на Ватикан за свештениците, меѓутоа тој толку пати е прекршуван што Ватикан има воведено тајни правила за справување со свештеници кои добиле деца.

Она што по ново сака да го воведе Франциско е во свештеничкиот ред да може да пристапуваат мажи кои се оженети и имаат деца пред да станат свештеници.

Доколку го истурка ова, најверојатно потешкиот дел од работата на Франциско ќе биде да го спречи ширењето на правилото и во другите делови низ планетава.

8 октомври 2019 - 11:16