Радикално решение за климатските промени што добро ќе ни дојде

Доколку се продолжи со загревањето на планетава луѓето низ Европа ќе мора да почнат да работат драстично помалку часови неделно за да се избегне климатска катастрофа. Колку драстично? Максимум 9-работни часа неделно.

За да се спречи дополнително затоплување на планетава над границата од 2 степени Целзиусови вработените во Британија, Шведска, Германија и други европски држави ќе треба да ја скратат работната недела за нивните држави да ги постигнат целите што ги потпишале.

Работната недела од вкупно 9 часа е добиена врз основа на бројките од ОЕЦД и О.Н. за загадувањето што го предизвикува работата на индустриите во овие три држави.

„Да се постигне зелено и одржливо општество ќе бара повеќе стратегии, од кои скратената работна недела е само едно од решенијата,“ објаснува директорот на Автономија, тинктенкот што го изработи истражувањето.

Документот го пресметува само намалувањето на загадувањето од индустриските капаците, а не ја зема предвид предноста од потенцијалното намалување на патувањето до работа и од помалиот број произведени стоки и потрошени ресурси.