Новинари муабетат за плата

ЦЈР (Columbia Journalism Review) доаѓа до еден отворен документ на кој американски новинари (од публикации како Њујорк тајмс, Вашингтон пост..) анонимно пишуваат колку пари заработуваат од тоа што го работат. И тие и ние имаме причина за плачење, само по различна основа.

Како што објаснуваат од ЦЈР, дебатирањето за плати секогаш е непријатна тема затоа што ќе отвори прашања како пониски плати за жени или за луѓе со не-бела боја на кожата, но и затоа што „само ќе покаже колку се ниски платите во индустријата (новинарска), за речиси сите“.

Што значи тоа „ниски плати во индустријата“ по американски стандарди?

Во примерите наведени од ЦЈР тоа е:

- Уредник за веб на Вајркатер (на Њујорк тајмс) заработува 45.000 долари годишно.

- Уредник на истата позиција со три годишно искуство има плата „од само“ 62.000 долари.

(Главен проблем е што со овие плати треба да живеат и работат во Њујорк.)

- Заменик уредник на Њујорк тајмс со 15-годишно искуство има плата од 145.000 долари годишно („ама овие бројки се исклучок од правилото“).

- Сениор видео продуцент на УСА Тудеј заработува само 50.000 долари годишно.

- Репортер на Блумберг њуз во Лондон е со годишна плата од 45.000 долари.

Ако работите во каков било медиум и сакате да се нервирате на подолг период, списокот е тука.

14 ноември 2019 - 14:58