Кога во пензија? Никогаш.

Муабетот беше дека автоматизацијата и роботите ќе ни овозможат повеќе да уживаме а помалку да работиме. Ене ја Америка, никогаш порано немало толку многу лица кои уште работат на свои 85 и кусур години. Така што, она што можеш да го забушиш денес, не го оставај за утре.

Можеби денеска оние на 70 се чувствуваат како некогаш на 60 ама 85 години секогаш било длабоко пензионерско доба. А во САД денеска има 255.000 стари луѓе, на 85 и повеќе, кои секојдневно работеле во последниве 12 месеци. Тоа се 4,4 % од Американците на таа возраст а уделот никогаш порано не бил толку висок; пред дузина години ги имало само 2,6%.

Старциве работат сешто, чувари, фармери и ранчери па дури и камионџии,. Сè на сè присутни се во вкупно 26 професии. На пример, по американските патишта во моментов крстарат околу 3.000 професионални шофери стари над 85 години. 

Овој сегмент на популацијата е само симптом на генералното стареење на работната сила во САД. Оние над 55 години исто така сега се во рекорден број во историјата на американскиот капитализам. Промени има и на другиот крај на кривата.

Сериозни ветерани има и на јавната сцена. Најстарата врховна судијка. Рут Бадер Гинзберг има 85, Руперт Мурдок е на 87, исто како и Џорџ Сорос и Ворен Бафет.

11 јули 2018 - 13:06