Канцелариски дронови против преработени Јапонци

Затоа што не се разбираат од збор дека не треба да работат прекувремено, јапонска компанија одлучи да почне да користи дронови за да ги брка своите вработени од канцеларија по завршување на работното време.

Смената на дроновите започнува по крајот на работното време, а нивниот мандат за сега е пуштање музика низ канцелариите. За песна е избрана шкотската поема „Auld Lang Syne“ која во земјата се користи за објавување крај на работно време на продавниците.

Логиката зад дроновите е „не можеш стварно да работиш, ако цело време мислиш, ова во секој момент може да долета со песна и со бучење“. Идејата е на компанијата Таисеи, која се занимава со обезбедување и чистење канцеларии.

На дронот ќе има монтирано и камера, а неговата промоција треба да биде во април 2018. Системот прво ќе биде пробан во канцелариите на Таисеи, а потоа ќе биде понуден и како услуга на клиенти.

Една од слабостите на планот што ја воочија јапонските експерти на тема преработеност, е дека си имаат работа со неразбран народ па и да го избркаш вработениот од канцеларија со дрон, тој ќе продолжи да ти работи од дома.

Нивниот предлог наместо сето ова е да се намали обемот на работа што ја има секој вработен, и да се намалат задачите на кои се губи време.

Во јапонската верзија на проблемот со кој прв ќе престане, се смета за срам да си отидеш од работа пред колегите или шефот. Во севернокорејската верзија на проблемов никој не престанува да му аплаудира на лидерот, да не излезе дека не го почитува и сака.