Ако сакаш да си среќен на работа, не се замарај со работата

Тајната на среќа на работно место не во тоа да работиш што е можно помалку, туку да ти е гајле што е можно помалку за работата.

Објаснувајќи дека живееме во доба на "тотална работа" Ендру Тагарт во Кварц пишува дека работата станува тотална кога целиот живот на човекот се врти околу нејзе:

"Луѓето вежбаат, одмараат и се релаксираат, јадат добро и остануваат со добро здравје со цел да бидат попродуктивни. Ние веруваме во работење на самите нас и на нашите врски. Ние нашите слободни денови ги гледаме од перспектива на работи што сме ги завршиле. А сметаме дека добар ден е оној во кој сме биле продуктивни.

Меѓутоа да бидеш загрижен колку што сме ние загрижени околу работата ни предизвикува непотребно страдање".

Неговиот совет во основа е копи/пејст на праксата на твојот колега што во 16:00 е спакуван и излегува од врата - треба да ти е помалку гајле за работата.

Тагарт смета дека помалку е правата мерка, бидејќи ако се сведеш на "ич" и станеш индиферентен тогаш преоѓаш во бескорисен припадник на општеството.

"Со тоа што помалку ќе ни биде грижа за работа, ние се отвораме себе си за повеќе да се грижиме за другите димензии од животот - за она што е поважно. Меѓутоа тоа е полесно да се каже - или напише отколку да се направи," пишува Тагарт.           

Чекорите за ова, ги имате тука

11 август 2017 - 12:18