Секс во коли е иднината на автономните возила

Освен што ќе го променат начинот на кој патуваме, работиме и општо стигнуваме од точка А до точка Б, автономните автомобили ќе имаат коренито влијание врз сексот.

Тргнувајќи од неодамнешна студија која заклучува дека речиси 60% од Американците имале секс во автомобил, Марк Вилсон во Фаст компани заклучува дека „традицијата може само да забележи раст кога ќе земеш предвид дека автономните автомобили во основа се приватни соби на тркала“.

Ваквиот заклучок е поддржан и во истражување објавено во Annals of Tourism Research, кое обработува повеќе студии на тема градови и автономни возила.

„Една од стартните точки е дека автономните возила претставуваат нова форма на конкуренција за хотелите и рестораните. Луѓето ќе спијат во своите возила, што ќе има последици за крајпатните мотели.

И луѓето може ќе јадат во возилата, што ќе влијае на рестораните.

Тоа нè наведе на размислување, покрај спиењето кои други работи луѓето ќе можат да ги прават во автомобил кога повеќе нема да имаат задача да возат? А одговорот го има во поврзаноста на автомобилите и сексот која е претставена во речиси секој филм за созревање. Не е тоа некој голем скок,“ објаснува првиот човек на студијата, Скот Коен од Универзитетот на Суреј.

Продолжувајќи со ваквата мисла, тие веруваат дека ова ќе ја апгрејдува и проституцијата, посебно онаму каде што е легална, признавајќи „проституцијата не мора да е легална за ова да се случи... многу нелегални активности се случуваат во автомобил.“

26 ноември 2018 - 14:06