Oчигледни вистини потврдени од науката

Си немале научниците работа, си проверувале работи што животот ги потврдува на секој чекор. Незадоволни од ваквата површна емпирија, и секако заинтересирани за уште едно проектче, тие морале да направат истражување и за тоа дека згодните келнерки добиваат повеќе бакшиш.

1. Јадењето лоша храна е лошо

Ако мислевте дека тоа пржените крилца се добро избалансирана исхрана, науката има лоши вести. Студија објавена минатата година во American Journal of Medicine ги следела ефектите на прехранбените навики врз здравјето на средовечни и возрасни учесници, вкупно 5350 од нив, следејќи го нивниот морталитет, хронични заболувања и генерално здравје во тек на 16 години.

Резултатот:

Учесниците со „западен" тип исхрана (која се карактеризира со пржена, блага, процесирана храна и црвено месо, рафинирани житарки млечни производи со висока масленост) имаат пониска веројатност за идеално стареење.

Ко да постои такво нешто ко „идеално".

2. Луѓето би купувале повеќе овошје и зеленчук доколку тие се поевтини

Попустите и пониските цени докажано го охрабруваат купувањето поздрава храна. Текст објавен минатата година во American Journal of Clinical Nutrition известува за експеримент направен во соработка со холандските супермаркети, во кој на учесниците им биле давани купони за 50% попуст, часови за здрава исхрана, обете или ништо од тоа. Резултатите: луѓето купувале и консумирале повеќе овошје и зеленчук ако им биле давани купони, а уште повеќе ако освен тоа добивале информации за благодетите на здравата исхрана.

3. Музичарите фаќаат повеќе женски

На кратко: точно е. Ако сте член на светски познат бенд автоматски сте попривлечен од некој којшто не е, дури и ако сте природно згодни. Еден француски истражувачки тим ангажирал млад дечко (кој претходно бил оценет дека поседува „висок степен на физичка привлечност"), да стои на улица и да бара телефонски броеви од 300 различни девојки - секако во име на науката. Во текот на 100 вакви разговори држел футрола за гитара, за другите 100 спортска чанта а за третите, не носел ништо.

Резултатите покажале дека носењето (макар и празна) футрола за гитара предизвикува подобра реакција на барањето, оттаму сугерирајќи дека занимавањето со музика се поврзува со сексуалната селекција. Марјан Стојановски лајкс дис.

4. Викендите се важни

И викендите и неработните денови се поврзани со зголемена благосостојба. Ова може да ви послужи следниот пат кога ќе се жалите дека не ги сакате понеделниците, научно ви е оправдано да мрчите.

5. Стереотипно „секси" келнерките добиваат повеќе бакшиш

Во ова истражување келнерки пополнувале онлајн анкета која вклучувала субјективна проценка на нивната привлечност, објективни физички параметри (боја на коса, обем на гради), како и висина на добиените бакшиши. Не сфаќаме што имало тука да се истражува ама резултатот е следен: се покажало дека висината на бакшишот на келнерките е во негативна врска со нивната возраст (колку повеќе години, толку помал бакшиш), а бакшишот се зголемувал со поголеми вредности на параметарот „обем на гради“ во комбинација со плава коса.

6. Мажите и жените посакуваат сексуално атрактивен партнер

Еден од оние резултати на кои ти доаѓа да искометираш со „жифти сè". Бидејќи дури и за ова требало да се прави научно истражување, тим од Универзитет во Тексас прашувале студенти во врска со значењето на физичкиот изглед кај партнерот. Колку и формално да се правеле дека „убавината е во душата", кога биле директно прашувани конкретно за сексуална привлечност тие бргу го менувале мислењето. Фино тоа внатрешната убавина, ама изгледа не врши многу работа во кревет.

7. Да пиеш пред да излезеш не ти го намалува пиењето надвор

Една студија од Швајцарија покажува дека маневарот на намалување на трошокот со пиење дома пред излегување всушност е залажувачка, и дека луѓето исто толку пијат во кафана колку и кога не би имале алко-предигра. Разликата е што овие подготвени од дома почесто запаѓаат во непланирани епизоди на користење дрога и незаштитен секс. Значи место штедење, дупли трошок.

8. Мажите повеќе ги привлекуваат нивните женски пријателки, отколку обратно

Ова не е баш очигледно, ама да речеме дека е предвидливо. Биле испитани 88 парови пријатели од спротивен пол кои пополнувале прашалници за нивното пријателство. Мажите почесто пријавувале дека чувстуваат привлечност во однос на нивните пријателки отколку обратно. Кога студијата се префрлила на повозрасни учесници, обете страни ја класифицирале привлечноста помеѓу пријатели како помалку посакувана карактеристика.

9. Списанијата најчесто објавуваат фотографии на млади жени. Ова создава лош телесен имиџ за oние постарите.

Жените претставени во различни списанија речиси секогаш се под 40-годишна возраст. Ова е очекуваниот резултат на студија од 2011, објавена во Journal of Aging Studies. И не само што постарите може да се почувствуваат дискриминирани, туку ова може лошо да влијае и врз начинот на исхрана на помладите, кои сакаат да изгледаат исто толку слабо колку и моделите.

10. Луѓето се посреќни ако нивните партнери се великодушни. Или ако имаат многу секс. Или само второто.

Резултатите од анкета спроведена со повеќе од 1400 хетеросексуални парови помеѓу 18 и 46-годишна возраст, сите со деца, објавени во 2011, покажуваат дека повисоките нивоа на великодушност кореспондираат со посреќен брак. Да, сакаме да сме сведоци на макар повремени изливи на добрина и љубезност. Подобро од ова е само регуларен секс - ова се покажало дека е најстабилниот индикатор на среќен брак.

11. Ограничувањето на високо ризични поединци да поседуваат оружје спасува животи.

Шта речи?

9 јули 2014 - 15:34