Нови дечки во бандата на Менделeeв

Оптимистички: не е важно колку траеш на овој свет свет за да бидеш препознат и прифатен во друштво. Песимистички: светов изгубил секаков критериум па почнува да цени и најголеми ебиветри.

Флеровиум и ливермориум се најновите членови во периодниот систем на елементи. Место фатија лани а сега добија име: 114 е флеровиум во чест на Флеровата лабораторија за нуклеарни реакции а елентот 166 е наречен ливермориум по истоимената калифорниска научна лабораторија.

Двата елемента се родени во акцелераторот во Дубна, Русија како производ на експерименти кои ги правела мешовита руско-американска научна група.

Регистерските таблички им гласат Fl и Lv а за нивните карактери и способноста да се дружат со други елементи не се знае многу бидејќи се ултра нестабилни и исчезнуваат за помалку од една секунда.

166-ката трае неколку милисекунди пред да се претвори во 114-ка, а таа, за неполна секунда станува копернициум кој во системот влезе во 2009-та година.

Небитно, ама нека се знае, Менделеев се смета за татко на денешната стандардна вотка од 40 степени.

2 јуни 2012 - 09:49