И утре да се оправиме, уште долго ќе бидеме пореметени

Една теза што пред пар децении ќе беше исмевана денес добива сè поуверлива евиденција. Се работи за тоа дека емотивните трауми на една генерација може да бидат пренесени на нејзините поколенија. Затоа таков е насловот.

Пред 20-тина години, научната заедница ќе исмееше една ваква теза, но таа денес станува сè повеќе прифаќана. Хипотезата е дека индивидуалното искуство може да го менува наследниот материјал и однесувањето на децата и внуците. Кај животните, изложеност на стресови, екстремни температури и слични неволји повлекуваат метаболични промени во следните генрации. Но, и студии на луѓе изложени на трауматски искуства покажуваат суптилни биолошки промени кои можат да се прeнесат на поколенијата.

Станува збор за епигенетски промени кои не се трајни промени на генетскиот материјал, туку промени во странични молекули кои се врзуваат на ДНК, во процес на т.н. метилација и кои можат да блокираат или активираат гени.

Импликациите од овој механизам се суштински и можат да афектираат многу аспекти на животот и политиките..

„Ова е застрашувачки. Ако она на што биле изложени вашите баби и дедовци го менуваат ризикот за наши заболувања, тогаш и она што го правиме денес ќе влијае врз нашите внуци и правнуци,“ вели Мајкл Скинер, биолог од универзитет во Вашингтон.

Постои и една студија со деца од 40-мина преживеани од Холокауст кај кои е утврдено пониско ниво на хормонот за стрес, кортизол, како и карактеристични мостри на ДНК метилација, што се смета за епигенетски маркер.

Накратко, траумите на една генерација можат да остават трајни лузни и врз наредните.   

24 јули 2019 - 19:24