Пола од парите во музиката доаѓаат од стриминг

Бројот на претплатите за стриминг музика во 2018 се зголемува за речиси 33%, со што индустријата ги достигнува баснословните бројки од 2007-ма.

Бројките се на глобално ниво и во 2018 ова достигнува 47% од сите пари што во светов се направени од музика.

Благодарејќи на стримингот, глобалните приходи од музиката достигнуваат до 19,1 милијарда долари. Стриминг секторот ги надоместил парите изгубени од падот на продажбата на физички медиуми и од даунлодирањето на музиката.

Крајот на 2018, музичката индустрија го завршува со 255 милиони претплатници.

Подвигот е посебно голем имајќи предвид дека слушањето музика за евтини пари (а.к.а. стриминг) дури во 2015 успеа да ја надмине продажбата на ЦД-а.

Вкупната сума на пари од музиката расте за околу 9,7% во споредба со 2017, и ова е четврта година по ред како индустријата бележи раст.

Во меѓувреме:

4 април 2019 - 10:21