Канје, брате пирате

Во еден од неговите Твитер перформанси Канје пишува дека периодов постојано го слуша Суфјан Стивенс, и како доказ за неверниците пушта и принтскрин од својот лаптоп. Како и многу досегашни паднати жртви, така и Канје премногу доцна сфаќа дека принтскринот пресликува буквално сè на твојот екран.

Па така освен отворениот таб со Јутјуб, во браусерот на Канје има уште неколку табови, меѓу кои и еден со Пајрат беј каде е пребаран софтверот за музика - Серум.

Од твитот ни најмалку не е воодушевен Deadmau5, музичкиот продуцент и коосновач на Xfer Records, кои се автори на софтверот. По ова продуцентот има два твита околу ова.

Првиот до Канје:
"What the fuck @kanyewest ... Can't afford serum? Dick."

Вториот, повик за Кикстартер кампања за собирање пари за Канје да може да го купи софтверот:
"Let's start a Kickstarter to help @kanyewest afford a copy of Serum."

Она што не е јасно е што ќе му на Канје пиратска верзија од Серум, ако се има предвид дека програмот чини 190 долари, и ако се има предвид дека Канје без проблеми има пристап до кое сака музичко студио во светот.

За сето ова да биде поинтересно, претходно во февруари Канје ја разгледуваше опцијата да го тужи Пајратбеј, откако неговиот албум беше симнат над еден милион пати од торент од овој сајт.

"Да, иронично е и што Канје отворил Јутјуб за да го слуша Суфјан Стивен, наместо да го користи Тајдл (музичкиот сервис на кој Канје е ко-сопственик, заедно со други познати музичари вклучувајќи го и Дедмаус...)," пишува Себастијан Антони за Арстехника.

Процената на Арстехника е дека иако изгледа дека Канје го користи Пајрат Беј, станува збор за друг сајт за пиратерија преправен како познатиот торент сајт, кој фајловите најверојатно ги презема од шведскиот торент.

2 март 2016 - 16:27