Елвис ова го нема слушано

Ова е една од последните снимки на Елвис Присли за која се претпоставува дека и самиот ја нема слушнато.

4-ти декември, 1956-та година. Во славното мемфиско студио на Сем Филипс од Сан Рекордс за свирка се собираат:

- Елвис Присли

- Карл Перкинс (авторот на Blue Suede Shoes)

- Џери Ли Луис

- Џони Кеш, кој стигнува подоцна, се шутка по студио и чека да се снима бидејќи тоа му е обврска од договорот.

Фото снимката од првата супер-група на светот изгледа вака:

А аудио снимката од џем сесијата звучи вака:

Снимката со години циркулира само како бутлег за неодамна официјално да биде пуштена како дел од ЦД-то The Million Dollar Quartet.

17 август 2013 - 12:40