О'Рајли ќе биде попратен со 25 милиони долари

Добро за О'Рајли во целата работа е што кратко пред да излезе скандалот тој потпиша обновување на неговиот 4-годишен договор со Фокс. Па сега како дел од спогодбата за раскинување со телевизијата, тој ќе добие 25 милиони долари.

"Новиот договор обезбедува Бил да добие максимум 1-годишна плата," изјавил за Фајненшл тајмс човек запознаен со целата работа.

Парите што ќе му бидат исплатени на О'Рајли по 22-години во Фокс њуз, се помалку од пакетот вреден 40 милиони долари што минатата година го доби претседателот на Фокс њуз, Роџер Еилс, кој беше отпуштен под слични околности.

На прашањето од Њујорк тајмс, околу наглото заминување на О'Рајли, Џејм Мурдок, ЦЕО-то на компанијата, одговара:

"Спроведовме темелна истрага, темелна анализа, и дојдовме до заклучок. Она што го кажавме во нашата изјава е се што треба да знаете".

О'Рајли во пишана изјава повтори дека е невин за обвинувањата, објаснувајќи "страшно е обесхрабрувачки што се разидуваме заради неосновани тврдења. Меѓутоа тоа е жалната реалност со која многумина од нас јавните личности мораме денес да живееме".

21 април 2017 - 10:23