Мажи што се отвориле во интервјуа за Плејбој

Темата ја воскреснува интервјуто што Гери Олдман го дава за најновиот број на Плејбој, а во него коментира за Мел Гибсон, за животот на ѕвездите, за Златните глобус, за Филип Сејмур Хофман, за Оскарите.

1965-та: Шон Конери
Шон Конери е во екот на својата Џејмс Бонд кариера кога Плејбој има интервју со него. На сред разговор, актерот решава да зборува за тоа како се дисциплинираат жените: "Мислам дека нема ништо посебно лошо во тоа да удриш жена. Шамар е оправдан, ако сите други алтернативи не успеат, а претходеле и голем број предупредувања. Ако жената е кучка, или хистерична или постојано закрвена, тогаш ќе го направам тоа."

1971-ва: Џон Вејн
Зборува за падот на филмската индустрија кон крајот на својата кариера. Според него, Холивуд станал изопачен: "Не ли би рекол дека прекрасната љубов на оние двајца мажи во Midnight Cowboy, приказна за двајца педери, се квалификува вака?"

Во однос на бојата на кожата, Џон Вејн кажува: "Верувам во супериорноста на белата раса се додека црнците не се образуваат до ниво на одговорност. Не верувам во давање власт, водечки позиции и носење одлуки на луѓе кои се неодговорни."

1976-та: Џими Картер
Гласачите имаа сериозни поплаки по изјавите на Картер за неверноста: "Многу жени сум ги гледал со страст. Повеќе пати сум направил прељуба во моето срце."

1995-та: Снуп Дог
Сред разговорот околу престрелките од кола, Плејбој го прашува Снуп Дог: "Значи и случајни минувачи се оправдана мета?" На што Снуп одговара: "Нормално дека да. Ако сакаш да скинеш некој и ова ти е единствен момент кога можеш да стигнеш до него, ама тој е излезен со жена му и детето, нема да оставиш и да ја пропуштиш шансата. Тоа е менталитетот на улицата. Ако ја пропуштиш шансата, тогаш може тој тебе да те скине."

2004-та: Колин Фарел
Тазе по снимањето на Daredevil и Александар, Фарел почна да зборува за својата поврзаност со дрогата: "Хероинот е ок во умерени количини." Подоцна овој коментар го нарече една од најголемите грешки.

2010-та: Џон Мајер
Пејачот коментира за мастурбација и за врските со некои од неговите бивши. Џесика Симпсон ја опиша како "сексуален напалм," за потоа својот пенис да го објасни како "бел расист." "Имам срце како Бенетон и кур како Дејвид Дјук (поранешен претседател на Кју Клус Клан). Ќе почнам посебно да излегувам од својот кур."

2014-та: Гери Олдман
По сите овие доаѓаме до најновото интервју, во кое Гери Олдман се отвора на повеќе теми.

За Филип Сејмур Хофман: "Не го мислам ова навредливо, ама можеби тој кога ќе се погледнел во огледало секогаш гледал бледо дебело дете."

За Мел Гибсон: "Се начукал и кажал неколку работи, ама ние сите ги имаме кажано истите работи. Сите сме ебани хипокрити. Е тоа го мислам за таа работа. Сакаш да кажеш дека полицаецот што го уапсил никогаш не го искористил зборот нигер или ебаниот Евреин? Јас сум само брутално искрен. Ова е хипокризија и тоа ме излудува. Или може да го пречкртаме тоа и да кажувам 'зборот Н' или 'зборот Ф'?"

За Алек Болдвин: "Алек некого нарекол педер додека излагал изнервиран од влез, затоа што не сакале да го остават на раат. Не го обвинувам. И (потоа) тие те прогонуваат."

За политичката коректност и дуплите стандарди: "Ова е сега нашата култура. На Оскарите ако не гласаше за 12 години роб тогаш си расист."

На Златните глобуси: "Тоа е ебано смешно. Ништо не се случува таму. Тоа ти се 90 луѓе што го дркаат. Сите се пијанчат, и сите му се улизуваат на секого. Бојкотирај го тоа. Само кажи дека нема повеќе да учествуваш во смешната игра."

За Ненси Пелоси: "Гледај, ако ја наречам Ненси Пелоси пизда - а еве ви едно подобро, ебано бескорисна пизда - не можам вистински да го кажам тоа. Ама Бил Маер и Џон Стујарт можат, и никој нема да престане да работи со нив заради тоа. Бил Маер може некого да нарече и педер и да пројде без проблеми."

25 јуни 2014 - 14:18